Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис уште еднаш повтори дека Северна Македонија мора да го почитува Договорот од Преспа, ако сака да го продолжи европскиот пат.

„Договорот од Преспа мора да се почитува. Името на државата е „Северна Македонија“, а оние што сè уште ја нарекуваат „Република Македонија“ ќе не најдат наспроти. Нашите пријатели во Северна Македонија мора да сфатат дека предизборниот период е завршен и мора да се сериозни и да почитуваат договор доколку сакаат да останат на европскиот пат. Верувам дека ќе се изврши голем притисок, веќе имаше реакција од претседателот на Комисијата. Верувам дека ќе се прилагодат бидејќи сакаме добри односи. Прашањата за името не се менуваат. Она што треба да го направиме е да им објасниме дека оваа нивна политика ќе ги доведе до меѓународна изолација и тие не го сакаат тоа. Не сме наивни и знаеме да управуваме со ситни партиски игри“, рече Мицотакис.