Ветувањата на Данела Арсовска дека ќе се заложи за борба против загадувањето и заштита на животната средина сега се сведени на лажни предизборни ветувања. – велат од СДСМ.

Арсовска крати буџетски средства за животна средина, поништува еколошки проекти и најавува популистички мерки.

Освен што за три пати ги намали парите за Секторот за животна средина, Арсовска ги намали и средствата за субвенционирање на трошоците за набавка на инвертори.

За шест пати се намалени субвенциите за инвертори кон скопјани за следната година, односно на само 24 милиони денари.

Мерката за субвенционирањето на набавка на инвертори досега беше искористено од околу 5.000 домаќинства во Скопје, а тоа се 5.000 помалку оџаци кои го загадуваат воздухот.

Ваквиот пристап на Арсовска не може да обезбеди решение против аерозагадувањето.

Арсовска мора конечно да почне да работи, особено на она што им го вети на скопјани, а добрите проекти и еколошки мерки на Петре Шилегов да ги продолжи а не да ги девалвира и укинува, порачаа од СДСМ во нивната писмена реакција.