“Нема крај на лагите што се пласираат од белиот дворец кои се резултат на очајноста и безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ денес изнесе тенденциозни невистини и лажни вести кои немаат врска со реалноста, а преку кои се обидува да ја манипулира јавноста, во врска со јавната набавка за снабдување со електрична енергија на Министерството за одбрана. Како што соопшти Министерството за одбрана, на огласот се пријавиле четири фирми, кои учествувале на електронска аукција, во која значително е намалена цената. Од првичните понуди кои изнесуваа меѓу 95 и 116 милиони денари, конкуренцијата ја намали цената на 77,7 милиони денари и обезбеди заштеда на Министерството за одбрана од околу 18 милиони денари. Според јавно објавените информации од Министерството, најниска цена понудила компанијата ЕДС, компанија во која одамна сопственик не е Кочо Анѓушев и тоа лесно може да се провери во Централен регистар. Вистина е дека ВМРО-ДПМНЕ нема идеја ниту програма и се обидува со ширење тенденциозни лаги да собере политички поени. Но граѓаните знаат дека местењето тендери е специјалност на оние во белиот дворец и затоа и по 12 април ВМРО-ДПМНЕ останува во опозиција.” – реагираат од СДСМ. |