“Откако заврши криминалното и режимско владеење на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво, за само 2,5 години поднесени се 300 кривични пријави против кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

Од нив досега процесирани се 129 кривични пријави пред надлежни судови.

Но многу од овие слуачи се чуваат заглавени во судско-обвинителските лавиринти од страна на остатоците од заробената држава во судството.

Тоа е уште една потврда дека е потребно прочистување и сеопфатни реформи во правосудството.

Надлежните обвинителства и судови мора да ја зголемат својата ефикасност и да постапуваат по отворените предмети. Ова е важно затоа што се работи за висока корупција каде се инволвирани носители на јавни функции.

Процесите мора да добијат правен епилог, правдата мора да биде задоволена, а секој оној за кој ќе се докаже дека сторил криминал, да одговара.

Бројот на поднесени и процесирани кривични пријави покажува дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Таму се уште е присутна криминалната матрица.

Затоа за опозицијата главен приоритет и натаму е одбрана на криминалот од нивното 11 годишно уништување на државата.

Затоа, граѓаните на 12 април ќе им испорачаат нов пораз на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и јасно ќе порачаат дека враќање на режимот нема да има!” – реагираат од СДСМ.