“ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски уште еднаш покажаа дека ги ставаат своите партиски интереси и одбраната на криминалот пред доброто на државата и на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ го поврзува Законот за Јавно обвинителство со имотот на партијата и сака да се амнестира од судските процеси што се водат против нив.
На Мицкоски поважен му е имотот на партијата и одбраната на криминалот во ВМРО-ДПМНЕ, отколку реформите во судството, важни за напредокот на државата.
Донесувањето на Законот за јавно обвинителство е важно за реформите во правосудтсвото и се дополнителен аргумент за процесот на евроинтеграции, а Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со сите сили се обидуваат да го закочат.
Тоа е уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ де факто е управувана од Груевски од Будимпешта.
Граѓаните ќе го казнат неодговорниот однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
На 12 април, граѓаните ќе порачаат – режим никогаш повеќе. ” – реагираат од СДСМ.