Прес конференција, Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ

СДСМ продолжува преку конкретни мерки да се грижи за сите граѓани и да ги решава сите отворени прашања.

Вчера парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост, во јавноста познат како Закон за стечајци.

Со овие измени се проширува опфатот на мерката, односно нови 1.000 стечајни работници ќе добиваат месечен паричен надоместок се до моментот на нивното пензионирање.

Тоа значи дека 12 илјади стечајни работници ќе добиваат месечен надоместок од околу 8.200 денари до нивното пензионирање.

Ги повикуваме сите граѓани, кои ги исполнуваат предвидените услови, веќе од петок па до крајот на јануари до подрачните единици на Агенцијата за вработување да поднесат барање за остварување на ова право.

Со оваа мерка се исправа децениската неправда кон наши сограѓани кои не по своја вина останале без месечни примања и без работа.

Градиме општество кое нуди фер и еднаква шанса за сите. Низ вистински и развојни мерки обезбедуваме повеќе пари за секое семејство и достоинствени услови за живот.

Сите граѓани се важни и затоа грижата за сите граѓани е подеднаква.