Министерката за одбрана Радмила Шекеринска објави вистински одговори на хаотичните прашања од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски:

ДА, стануваме членка на НАТО.

ДА, ја подмладуваме Армијата со околу 600 млади војници.

ДА, на сите припадници на Армијата им обезбедивме 16% повисоки плати.

ДА, за воздухопловците, медицинскиот кадар и лесната пешадија обезбедивме дополнителни надоместоци.

ДА, обезбедивме и станарина од над 7000 денари месечно за СИТЕ.

ДА, за цивилните лица во Армијата законот предвиде дополнителни 10% покачување на плати.

ДА, за сите млади кандидати за офицери има плата.

ДА, има бенефициран стаж за сите во Армијата и можност за пензионирање по услови како за МВР.

ДА, има нови чизми за сите.

ДА, обезбедиме и спортска опрема и нови униформи за припадниците на Армијата.

ДА, има нови инжинериски машини по 16 години отсуство на набавка.

ДА, има опремување со оклопни возила.

ДА, се исплаќаат јубилејни награди за сите во МО и Армијата.

ДА, повторно се исплаќаат дневници на припадниците на Армијата.

ДА, има повисоки надоместоци за офицерите и војниците во мисија.

И… ДА, се ова можеше и ВМРО-ДПМНЕ да го направи. Но, не го направи – парите за друго ги трошеше.

Затоа, ДА – ќе продолжиме да работиме. Нив ќе им остане да бидат само плукачи, порача Шекеринска.