СДСМ е спремна за предизборна коалиција со сите партии од албанскиот блок, освен со ДУИ, рече вчера потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири во “Отворено” на Телевизија 24.
– Нема шанси со нив да се оди во предизборна коалиција, дециден е Зекири.
– Не е тајна дека две политички партии изразија заинтересираност, тоа се БЕСА и ДПА. Ние сме отворени секако и за други партии, изјави Зеќири.