Здруженито на новинари на Македонија и Советот за етика во медиумите во Македнија го осудуваат односот на министерката Мизрахи кон А1он
ЗНМ и СЕММ реагираат на дрскиот однос на техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи кон новинарите на А1он. Министерката упати демант до редакцијата полн со обвинувања и клевети поради текст со наслов „Мизрахи ја назначи советничката на Груевски за шеф на кабинет“ објавен од медиумот, велат од СЕММ.
Во реакцијата, Мизрахи го обвинува медиумот за објавување на тенденциозен текст, полн со невистини и шпекулации, но таа суштински не ја демантира веста туку го квалификува и етикетира самиот медиум, изразувајќи несогласување со уредувачката политика и начинот на којшто е пласирана веста. Дополнително, таа го обвинува порталот дека е на иста линија со политичката партија СДСМ, којашто дента имала соопштение на темата. Притоа, Мизрахи користи речник недоличен за еден министер, кој може да се разбере и како обид за вршење притисок врз медиумот и воведување на самозензура.
Укажуваме дека доколку министерката смета оти некој новинар или медиум не ги почитувал професионалните и етички стандарди тоа може да го пријави во СЕММ или во Советот на честа при ЗНМ, како две саморегулативни тела, се наведува во соопштението од СЕММ.
ЗНМ и СЕММ остануваат на апелот до јавните функционери, а особено до претставниците на Владата, да се воздржат од етикетирања и неосновани деманти што на кој било начин можат да бидат протолкувани како закани и обид за влијание врз уредувачката политика на самите медиуми.
Претседателката на СЕММ Катарина Синадиновска пренесувајќи ја реакција за дрскиот однос на Мизрахи кон колегите од А1он пишува:
„Мизрахи во демантот до редакцијата, всушност ништо не демантира, туку на недоличен начин ја коментира уредувачката политика што е основно право на еден медиум, а не работа на нејзин вкус.
Она што мене лично ме фрапираше е што госпоѓата реагирала и зошто во наслов е ставено само нејзиното презиме, а не и титулата “министерка”. Оваа опсесија на техничката министерка со функцијата може да говори само дека таа се’ уште не разбрала што значи да се биде слуга на народот“, констатира Синадиновска.