Лицето Сенад Смајловиќ, познат како поранешен директор на ЈП Улици и патишта, кој ја “прокоцка” својата политичка кариера во 2020г кога медиумите објавија дека од страна на МВР во Струга е фатен со дрога, веќе подолг период по електронски пат, на социјалната мрежа Фејсбук, објавува јавни закани за физички напади кон одредени функционери и дел од нивните семејства.

Ваквото, во најмала рака – непристојно однесување, проследено со јавни закани, е карактеристично за земји од типот на Мексико, Венецуела или Уганда, каде владејат наркокартели и криминални банди но не и во земја, во срцето на Европа, членка на НАТО.

Ова е само мал дел од архивата на вакви и слични коментари и закани.

Во 21 век, во време кога сите апелираат на мир и разбирање помеѓу народите, во нашата држава имаме лик кој со неговите пиши-бриши статуси, со кои шири говор на омраза, промовира насилство, дава многу лош пример за идните генерации.

Ваквото насилничко однесување и јавни закани за надлежните органи треба да бидат аларм, за да времено превенираат. Се што треба да направат е да ги прочитаат неговите статуси и коментари, кои иако се со безброј граматички грешки, но од кои може јасно да се разбере пораката на закана за физичко насилство.

До нас како редакција, има пристигнато сведоштва и од неколку приватни стопанственици чии компании биле или се`на “мета” од истото лице? Но за тоа во некој од наредните прилози, доколку обезбедиме соодветни материјални докази.