На денешната прес конференција, посветена на Законот за Јавно обвинителство, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на крај, во неколку наврати упати пораки до вработените во министерствата за Финансии, Земјоделство, Администрација, Труд и социјала, да внимавале што прават, и секогаш да им биде сликата на Катица Јанева со качулката и лисици на раце.
Што сакаше со ова да каже лидерот на ВМРО-ДПМНЕ?
Пред само неколку дена, јавноста беше сведок како дополнителниот заменик министер во земјоделство, Цветан Трипуновски, во каубојски стил дивееше во подрачната во Берово и сееше закани кон вработените.
Дали е ова истата тактика на опозициската партија да преку своите високи функционери сее страв врз администрацијата?
Инаку, токму во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога Мицкоски беше генерален секретар на партијата и советник на Никола Груевски, администрацијата беше тероризирана и плашена. Вработени во државните институции со сила беа водени на митинзи како во трла и уценувани со откази. Инспекциите хараа низ државата и затвараа фирми и дуќанчиња кои едвај опстојуваа.
Тоа време помина. Сега секој може слободно да критикува, да има свој став, да живее и работи во слобода, без притисоци и закани.
Истите овие лица кои беа предводници на режимската ВМРО-ДПМНЕ сега сакаат повторно да дојдат на власт.