Вчерашниот ден започна со примопредавања на министерските функции во владата.

Социјалните мрежи беа преплавени од фотографии од насмеани и дотерани министри и министерки како едни од други ги превземаат функциите.

Во целата таа стандардна слика, едно примопредавање отстапуваше од таа рамка.

Примопредавање во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство немаше, односно имаше но не во канцеларија и не со машњи и сакоа, туку на терен, на ладно, на откупен пункт во Драчево. Таму, кај тутунарите се најдоа досегашниот и идниот министер Димковски и Николовски кои заедно испратија порака за борба за секој сектор од ресорот земјоделство.

И ако се запрашате, дали некогаш ова се случило, еве ќе ви кажам, НЕ, никогаш не се случило примопредавање на министерска функција да биде надвор од удобните и топли кабинети.

Со овој чин се испрати силна порака на сериозен пристап кон решавање на проблемите на земјоделците.

Нашите земјоделци заслужуваат токму ваков искрен и партнерски однос од извршната власт.

Само со постојано присуство на терен може да се увидат проблемите во овој сектор и во исто време да се бараат најдобрите можни решенија.