Со 75 гласа „за“, Собранието утринава ги изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик и Предлог законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени. Според измените на Изборниот законик, Општините Дебар, Маврово-Ростуше и Крушево место во Шестата ќе бидат во Петтата изборна единица.
Измените се на предлог на пратеници од ДУИ, а според препорака на ОБСЕ да се сменат границите на Шестата бидејќи една изборна единица не смее да има 5% повеќе гласачи од другите.