Бројни членови на ВМРО-ДПМНЕ, поранешни и актуелни функционери, денеска пред седиштето на Белата палата побараа оставка од лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
Имено, тие се дел од иницијативниот одбор за промени во опозициската ВМРО-ДПМНЕ и освен оставка од Мицкоски побараа и свикување вонреден конгрес, на кој ќе се избере новo раководство.
Филип Петровски, екс-градоначалникот на Аеродром Ивица Конески, доскорешната пратеничка Весна Дамчевска Илиевска, актуелниот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Илинден Жика Стојановски, екс градоначалникот на Бутел Петре Латиновски, екс градоначалникот на Дорјан Борче Стамов, Лука Кржаловски од Унијата на млади сили, поранешниот заменик министер Сашо Лазаревски…се дел од иницијативата со која се бара заминување на Мицкоски зашто ги загубил претседателските, предвремените локални и парламентарните избори.