Пред министерството за одбрана портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски упати 30, како што, рече вистински прашања кон министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
-Радмила, по колку рала чизми им ветивте, а не им обезбедивте на војниците?
-Зошто уште ги нема униформите, се инсистира ли на брендот Луј Витон ?
-Дали само професионалци заминуваат во мисијата во Авганистан?
-Зошто и покрај укажувањата од НАТО го расформиравте полкот за специјални операции?
-Дали свесно со Аташето во САД го прекршивте Законот за одбрана и Законот за надворешни работи?
-Колку од набавките префрливте од лани за годинава и дали е пресметана и БИОГРАФИЈАТА „ВЕЧНО ОПАСНО ВТОРА“?
-До кога ќе се мешате во раководењето и командувањето и политички ќе унапредувате старешини?
-За колку го издавате просторот во Домот на АРМ и дали ги употребивте вештините за рентање дом од 5 илјади евра?
Посетите на домот на Боки 13 беа посветени за кројот на униформите или за исхраната за војниците?
-Зошто се одлучивте за селективно пензионирање?
-Лично каква торба би избрале за транспорт на рекет Луј Витон или Версаче торба?
-Колку реално чинат Лобутин штикли на подарок и што треба да се стори за да се добијат?
-Зошто запре трансформацијата на АРМ?
-Колку автомобили ви продаде партискиот спонзор од Куманово, вкупно, не по одделни министерства?
-Ја задолживте ли гардата да го чува Орденот од Принцот на Црна Гора за Заев?
-До толку ли сте скарани со Кочо, па за инает му средувавте документи, да го збори народ?
-Зошто го прекинавте курсот за подофицери?
-По НАТО стандарди ли ја проширувате семејната викендичка од 300 квадратни метри?
-Наутро поздравувате Знаме на Аризона или на Македонија?
-Дали шефот на военото разузнавање има друга обврска освен следење на опозицијата?
-Кој е вашиот најголем неуспех во работата како министерка за одбрана?
-Во која касарна најмногу ги подобривте условите за работа?
-Дали ја остваривте вашата цел за праќање воени дипломати по партиска линија?
-Колкава е вашата одговорност за одбрана на Заев од „хибридните напади“ од пранкерите??
-Би се хранеле ли самата со тоа што на мени го имаат македонските војници во војничките ресторани?
-Подготвени ли сте за амбасадорка во Вашингтон?
-На кој стих од химната ви запира гласот, па не ја пеете по настани?
-Колку е важно ќерка да е родена во Скопје па за тоа и закон да се менува?
-Толку ли е демоде одење на ручек со службено возило па мора да се користи и армиски хеликоптер?
-Која марка и колку инчи е телевизорот во дневната на Боки 13?
Шекеринска никогаш не одговорила, нема ниту сега да одговори на вистинските прашања. Но на 12-ти април и таа ќе понесе одговорност за сите бајадера бизниси, порача Стоилковски.