Се повеќе се гласни шпекулациите кои доаѓаат од “белата палата”, а кои сведочат на внатрепартиски несогласувања во опозициската ВМРО-ДПМНЕ за неможноста за тоа, кој да прифати да биде дополнителен заменик-министер во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Според сите анализи и анкети кои ги правеле неколку агенции за испитување на јавното мислење по нарачка и за потребите на ВМРО-ДПМНЕ, покажале дека еден од најуспешните сектори во последните неколку години е секторот земјоделие, од каде преку зголемените и навремени исплати на субвенциите како и развојот на винската индустрија, која ја стави нашата земја на мапата во првите 13 земји од светот по извоз на вино, како и лидерското место во регионот со 98% искористеност на средствата од ИПАРД 2 програмата, многу од потенцијалните кадри во комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ не биле спремни да го прифатат овој предизвик, бидејки не сакаат да влезат во “војна” (област) за која пред време знаат дека за нив е изгубена, па така во последен момент Мицкоски се решава за старо-новиот кадар, Цветан Трипуновски.

Трипуновски веќе беше еднаш пред четири години на истата позиција и откако не успеа да ги убеди земјоделците да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, тој и неговата матична партија останаа во опозиција.

Бидејки еднаш веќе бил на оваа позиција, добро е да се потсетиме, кој е овој вмровски кадар и што правеше кога беше дополнителен заменик-министер.

Трипуновски речиси во целата предходна власт на режимот, беше на клучни позиции во секторот земјоделство. Директор за фитосанитарната управа, Директор на Државниот инспекторат за земјоделство, беше и пратеник во македонското Собрание.

Токму на тој период јавноста се сеќава како земјоделското земјиште наместо кај вистинските земјоделци завршуваше во рацете на пратеници, нивни семејства и функционери на ВМРО-ДПМНЕ, земјоделците беа уценувани а субвенциите се исплаќаа во очи на изборите.

Веднаш по стапувањето на функцијата како дополнителен, Трипуновски во 2020г, влезен во филм дека е некој важен фактор или како вели нашиот народ, “дај му власт да му видиш памет”, започна со закани и навреди кон вработените во подрачните единици, (и сето тоа го снимаше и самиот го објави) најверојатно со цел да создаде страв кај овие луѓе, нешто што беше 11 годишно лице на партијата која ја претставува.

“Однесувањето на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски е класично режимско однесување, кое потсети на времињата на груевизмот кога ВМРО-ДПМНЕ вршеше притисоци, мобинг и закани за губење на работни места врз администрацијата.

Со неовластеното снимање на вработените во подрачната единица во Берово Трипуновски сторил грубо прекршување на Законот за приватност на вработени во јавен или приватен сектор.

Ништо друго и не може да се очекува од кадар на ВМРО-ДПМНЕ, лице против кое се води кривична пријава за злоупотреба на службената должност.

Неовластено снимање, упади, заплашување малтретирање и закани кон вработени во администрацијата, тоа е понудата на опозицијата и Христијан Мицкоски.

Назначувањето на Трипуновски, личност која организираше партиски протести на лажни земјоделци само го потврдува односот на ВМРО-ДПМНЕ кон земјоделците.

11 години оваа партија ги потценуваше и злоупотребуваше земјоделците, продолжи да го прави тоа и како опозиција, а продолжува да го прави тоа и сега кога има дополнителен заменик министер во преодната влада.” – реагираше тогаш Прентовиќ од СДСМ.

Потоа, никако нема да се заборави арогантниот однос на Трипуновски кон градоначалникот на Конче и циничното обраќање дека тој за него бил министер и така требало да го уважува.

Илиев: На Цветан му поставив 3 прашања. Наместо одговори добив ароганција, цинизам, потсмев…

“…Па, видете ја само снимката од разговорот меѓу дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски, и градоначалникот на Општина Конче, Благоја Илиев. Темата „култура на однесување“ се отвора откако Илиев му вели на Трипуновски „Јас не те тужам БЕ, јас те гледам во очи“.

„Како БЕ, со речник БЕ, така ли ве учат во Ес-де-ес?“, прашува Трипуновски.

Прашањето би било логично, доколку и самиот дополнителен заменик-министер не ословува со БЕ во прашањето, но и во целиот дотогашен разговор.

Пред да побара соодветен речник од соговорникот, еве како изгледаа дел од репликите на Трипуновски до Илиев: „Не се нервирај БЕ сега“, „Како БЕ трипол месеци задоцниле?“ „АБЕ градоначалник, земи напрај ги улициве овдека“, „Млад човек си БЕ, не се нервирај, … те гледам БЕ“, АБЕ зашто викаш, кажи ми? Чекај БЕ, АБЕ гласот ќе ти се фати“…

И по оваа манифестација на „култура“ од страна на Трипуновски, тој без трошка срам го искуди соговорникот за речникот. Потоа имиџот на вистинољубива личност, го потврди со лажно претставување. „Јас сум за тебе министер“, му рече тој на Илиев. Со оглед на широката пропусност на кадровските филтри, не се сомневам дека еден ден може и да биде министер. Но, дотогаш ќе мора да се држи до фактите. Дали Трипуновски е министер? Не е. Не е ни заменик-министер. Тој е дополнителен заменик- министер.” – напиша тогаш Катерина Блажевска за Призма, во текстот со наслов “Господин, господин министер”.

Сегашниот дополнителен заменик-министер за земјоделство, Трипуновски според она што го објавија тогаш дел од медиумите, бил фатен како организира лажни земјоделски протести за кои на аудио снимката каде се слуша глас како неговиот, признава дека се 100% партиски.

Честит политичар, (како што милува да каже неговиот шеф, Мицкоски), после ова, излегува на прес конференција, со вцрвенети образи и наведната глава, се извинува на целата македонска јавност, особено на земјоделците и се повлекува од политиката, но ова е Балкан и тука се е можно, па така, после се`овој лик повторно е дополнителен заменик-министер, тоа е ВМРО-ДПМНЕ.

По губењето на изборите 2020г, Трипуновски за неговото неколку месечно учество во техничката Влада поднесе барање за апанажа, на што тогаш жестоко реагираше јавноста но и владејачката СДСМ.

-Барањето на поранешниот дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски за апанажа за неговиот ангажман во преодната Влада е доказ дека за кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски важни се само народните пари, а не интересите на земјоделците, на граѓаните, реагираа од СДСМ.

Сумирано, во неговиот кабинет како предходен дополнителен заменик министер се работеше се, само не она за што беше платен – подобар стандард на земјоделците.