Ѓунер Исмаил – поранешен министер

“Ако некој студент е наша гордост, слушател на школата за политика, што се одржуваше заедно со Советот на Европа, од 2002-2008, тогаш сигурно е тоа Љупчо Николовски, кој е пример за тоа како еден млад, квалификуван политичар доследно ги применува сите граѓански политки за јавниот интерес”.

Ѓорѓи Спасов, поранешен генерален секретар на СДСМ

“Како министер за земјоделство успеа Македонија да ја направи држава која  извезува најголема количина вино од сите земји во регионот, после Грција.

За разлика од многу фалбаџии, Љупчо Николовски успеа да привлече голема сума пари од европските фондови и тие пари да ги подели чесно и непристрасно на сите на кои им беше потребно. Се сеќавам на средбите со земјоделците со какво почитување гледаа во него. Со каква љубезност тој им објаснуваше што треба да направат за да ги добијат тие пари.

Тој е човек кој секој би сакал да го има за пријател, за другар, за брат, затоа што плени со својата учтивост, а со својата љубезност и насмевка создава атмосфера на пријателство и доверба.”

Доктор Александар Трајановски

” Би сакал да ѝ честитам на неговата мајка, Вилма, што одгледала таков син, човек кој има направено многу за државата, толку многу има направено за неговиот крај, така што ако го немавме Љупчо, ќе требаше да го измислиме. Љупчо умее и во сред ноќ да ѕвони за паланчани, што и да треба да се направи, не штеди енергија ниту сили да помогне во безброј случаи. Првпат се запознавме по немилите настани во Собранието, 27 април, кога интервенирав на неговите повреди. Оттогаш до денес, се дружиме, неразделни сме и секогаш знае дека покрај него, и мене ми е многу драга Паланка, бидејќи толку многу зборува и уште повеќе прави за неговата Крива Паланка”.

Учителката Слободанка Младеновска

“Беше скромен, вреден, упорен и одличен ученик. Беше лидер во училницата, а сега е голем лидер во заедницата. Им помагаше на соучениците, а и денес им помага на сите што ќе побараат помош. Ја сакаше тимската работа, а денес има свој тим, одличен тим во кој има доверба, умее сите да ги почитува и цени. Тоа е мојот ученик Љупче, денес голем човек кој умее и да критикува,но и да прифати конструктивни критики, но и самокритичен е. Верувам во него и му посакувам уште поголеми успеси”.

Валентина Митрова – мал семеен производител на производи од тартуфи

” Од министерот Николовски бев изненадена кога ние како мали производители го поканивме да му ги кажеме проблемите со кои се соочуваме и тој откако детално се запозна со секој од нас и она што го работиме, по краток период реши да ни обезбеди грантови за поддршка за машини за производство”

Мирјана Ангелевска – Фармер

” Најдобар впечаток министерот ми остави на нашата прва средба на саем за здрава храна, каде тој ги посети сите штандови и разговараше со секого и од секого сакаше да слушне мислење и проблем со кој се соочува за да помогне “.