Она што се случува во ВМРО е практично сето она што го кажуваме и во изминатите месеци како СДСМ како политичка партија, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Практично последните случувања во ВМРО-ДПМНЕ се доказ дека внатре во партијата ништо не се променило. Тоа е истата таа матрица контролирана директно од Никола Груевски, а спроведувана овде во Република Северна Македонија од страна на Христијан Мицкоски внатре во ВМРО-ДПМНЕ. Кога ќе го погледнете новиот состав на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ вклучувајќи го тука и Антонио Милошовски и целата таа екипа водена од Никола Груевски, може да заклучиме дека криминалната матрица во белата палата останува“, истакна Костадинов.