Во еден од најновите спотови, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, го употребува изразот: Никогаш Северна, само Македонија.

Според ова, може да се претпостави дека опозициската партија својата кампања ке ја темели на патриотската карта.

Но, дали во реалноста е така? Дали ВМРО-ДПМНЕ навистина се однесува искрено кон граѓаните, во врска со името?

Иако, при промената на Уставот и додавањето на Северна во уставното име, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не пружија никаков отпор на тоа, освен по некој фејсбук статус, пишан од дома во папучи и пижами, во аудио “бомбите” можеше да се слушне како тогашниот министер за Надворешни работи, Антонио Милошоски во разговор со тогашниот премиер, Никола Груевски, предлага неколку имиња за државата.

Независна или Суверена Република Македонија (Северна), Горна Република Македонија, Независна Република Македонија (Горна)…се само дел од имињата со кои лицитира Милошоски.

#НикогашСевернаВМРО ЛИЦЕМЕРНА

Gepostet von Muhamed Zekiri am Donnerstag, 20. Februar 2020

Видеото е објавено од Мухамед Зекири.