По повод големите христијански празници Бадник и Божиќ, Општина Крива Паланка, е иницијатор и главен покровител на песна насловена како “Божиќ” во изведба на Нина Николовска.

Песната официјално ќе биде промовирана за време на денешната прослава на празникот Бадник на градскиот плоштад во Крива Паланка а во неа може да се забележи и преубавата празнична атмосфера од украсениот плоштад.

За денешниот ден планирана е и Бадникова поворка која ќе тргне од Општина Крива Паланка а ќе заврши на градскиот плоштад.

Во изработката на песната учествуваа:
👉Продуцент: Центар за аудиовизуелни уметности
👉 Покровител и поддршка: Општина Крива Паланка
👉Музика и аранжман: Гордан Спасовски
👉Текст: Рената Кралевска