По смената на власта во 2017г, се врати слободата, слободата на живеење, слободата на мислење, слободата на критикување. Веќе ничие име и презиме на владин функционер не се изговараат со шепотење туку напротив, секој нивен збор, гест, одлука е под будно око на јавноста и слободно се предмет на критика без да му фали влакно од главата на тој од кого доаѓа критиката. Да не се враќаме назад во времето на режимот кога се тепаа и апсеа новинари, се случуваа чудни сообраќајни незгоди и уште по чудни самоубиства како и безброј нерасчистени судски предмети.

Денеска, дел од критичката јавност реагираше зошто владини функционери користеле хеликоптер за службени потреби. Да, да, добро прочитавте, за службени потреби. И, тоа беше темата на денот.

Иако од надлежните институции беа објаснети причините, сепак, ботовите на социјалните мрежи, мотивирани од Будимпешта и во координација со белата палата, “фрлаа дрва и камења” по премиерот и министерот за здравство.

Но, не беше толку далеку времето кога во екот на режимското владеење, неговите медиумски подржувачи во спрега со владините институции, користеа огромни ресурси да одредени популистички акции, за кои има сериозни сомневања за проневера на милиони евра ги претстават пред граѓаните како врвни достигнувања.

Ова е само еден пример каде, хеликоптери во сопственост на државата, односно МВР, беа користени за превезување на новинари за да се прават прилози во кои ќе ги фалат проектите на тогашната влада на Груевски, а целиот тој популизам се одразуваше врз џебот на граѓаните. Новинарите уживаа во панорамските видици а владата ги собираше плодовите од целиот циркус, наречен популизам.

Денеска, да се случеше нешто вакво, ќе имаше безброј обвинувања, ќе “гореа” социјалните мрежи и ќе летаа оставки, но во време на ВМРО-ДПМНЕ ова беше нормално.