Во Македонија владее власт која е без образ и без срам. Срамно е во Владата да јадат ручеци кои што чинат колку што еден работник заработува во текот на целиот месец, обвинија денес од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Срамно е во време на пандемија и економска криза од огромни размери Владата да ги троши парите на граѓаните за скап алкохол, сортни вина, виски и водка.
Уште посрамно е што во ист момент Владата моли за донации.
Илјадници наши сограѓани се оставени без парче леб, над 100 илјади граѓани добија привремен или конечен откази, а Заев преку Ангеловска даде наредба да се бркаат луѓе од работа.
Ова е забегано, народот гледа, народот избира, народот и ќе казни, порачаа од опозицијата.