Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и се налутија на сопартијката Нола Исмајлоска-Старова, од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.
Исмајлоска од собраниската говорница потсети дека седум пратеници на ВМРО ДПМНЕ веќе гласале за Закон за служба во Армијата на Република Северна Македонија.
Во предлог законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, членот 1 гласи: “Во насловот зборовите Република Македонија се заменуваат со зборовите Република Северна Македонија.”
За ова решение, кое е веќе на сила, гласаа пратениците на ВМРО ДПМНЕ: Влатко Ѓорчев, Иван Иванов, Никола Мицевски, Жаклина Пешевска, Дафина Стојановска, Слаѓана Митовска и Павлинче Честојнова, потсети пратеничката Нола Исмајлоска-Старова.
Вербалниот напад на пратеничката Пешевска следуваше по настапот на Исмајлоска-Старова од собраниската говорница.