Утринава, од 06:50 часот сообраќајот на регионалниот пат Крива Паланка – с.Нерав е во прекин за сите возила во двата правци, поради обилните врнежи на снег кои ја зафатија Крива Паланка вчеравечер и појавата на одрон од камења на патот, соопшти утрово АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови по наместа влажни коловози.
За разлика од патот кон с. Нерав, магистралниот пат Крива Паланка-Деве Баир веќе е пуштен за сообраќај во двата правци за сите видови возила.