„ВМРО-ДПМНЕ се десничарска, националистичка партија. Наредниот викенд ќе изберат влада и новиот премиер ќе има експозе. Мислам дека нема да направи грешки, бидејќи ако направи тоа ќе биде тешко за него. Ќе го предизвика целиот западен свет“ рече поранешниот премиер Зоран Заев на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина.

Тој додаде дека за Северна Македонија нема алтернатива освен европска иднина и НАТО.

„Тоа значи дека нема да користиме европски пари, но нема да има ни надворешни, ни домашни инвестиции. Нашите малди ќе заминат во западна Европа и САД. Тоа е закана за нашата земја“ рече Заев.

Тој додаде дека може да биде користен за обвинување за сменетото име, но му порача на Мицкоски да не си игра со иднината на Северна Македонија.