Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на прес – конференција, по донесувањето на Законот за ЈО, изјави дека со овој закон е ставен уште еден темел за неселективна правда.
„За тоа се изборија две третини од пратениците во Собранието“, рече Заев.
Вели дека пратениците ги победиле притисоците и придонеле за европска иднина. Според Заев ова е историска победа против криминалот и крадењето на пари.
Жали што ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за правна држава и за европската иднина, што укажува, како што кажа Заев, дека кај нив ништо не е сменето.
„Не дозволивме да се загрози правдата и европската иднина на земјата. Овој чекор напред е јасен сигнал дека не се откажуваме.“ – рече Заев.
ВМРО ДПМНЕ и извршителот Христијан Мицкоски покажаа и докажаа дека се против НАТО, против ЕУ, велат од СДСМ.
Денеска во Собранието на површина уште еднаш исплива лажниот патриотизам и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ, пратениците на опозициската партија не гласаа за Законот за одбрана, важен за нашето членство во НАТО.
Пратениците на ВМРО ДПМНЕ гласаа за Законот за служба во АРМ, каде стои Северна Македонија, а го проблематизираат Законот за одбрана, којшто е исклучително важен за НАТО интеграцијата.
Уште еднаш стана јасно дека на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не им пречи уставното име Република Северна Македонија, туку им пречи прогресот на државата, нејзиното членство во НАТО.
Оттука паѓаат во вода лажните тврдења и манипулации на извршителот Христијан Мицкоски, дека со гласање за Законот за одбрана се гласа за промена на името на Армијата.
Лицемери, лажен патриотизам, блокади и деструкции, тоа е понудата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и затоа на 12 април нивните политики на уназадување и изолација уште еднаш ќе бидат поразени, порачуваат од СДСМ.