Полицаец од Велес е тешко ранет во близина на црквата „Свети Спас“ во Велес. Ранетиот полицаец и негова колешка биле во контрола кај црквата по пријава дека жители од ромската населба ограбуваат верници кој доаѓале во црквата.
Во еден момент настанала мешаница меѓу полицајците и еден од сомничените за грабеж, по што насилникот успеал да го одземе пиштолот на полицаецот и со него да испука пет куршуми. Полицаецот е тешко ранет во телото и десната нога, а по настанот итно е пренесен на скопските клиники.
Од полицијата велат дека започнале голема потрага по напаѓачот кој е во бегство.