По трите анкети од американските институти кои најавуваат победа на СДСМ на парламентарните избори на 15 јули, портали блиски до ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, објавија анкета од домашна агенција која ги фаворизира токму двата долгогодишни партнери.
Тоа што се забележува е дека и кај порталите блиски до ДПМНЕ и кај оние на албански јазик, блиски до ДУИ, се прави манипулација со името на агенцијата.
Во насловот стои дека анкетата е од “Europe Elections”, обидувајќи се да ја прикажат како некоја европска агенција. Но од самата фотографија се гледа дека истражувањето е реализирано од домашната агенција Маркет висион.
Но, која е агенцијата Маркет висион? Според едно истражување на Призма, објавено 2016 година, Владата преку Генералниот секретариат, само за шест маркетинг агенции склучила договори вредни околу 14 милјон евра во период од седум месеци. Маркетинг агенцијата што добила најголем дел од владиниот рекламен колач преку Генералниот секретаријат – “Маркет висион” е во соптственост на Владимир Цветиновки, близок соработник на поранешниот премиер кога Груевски од времето кога беше министер за трговија во кабинетот на Љубчо Георгиевски. Нивната соработка продолжила и откако Груевски стана премиер. Цветиновски се зачленил во неколку управни одбори, додека паралелно работел на владините кампањи преку Маркет висион. Податоците од Бирото за јавни набавки покажуваат дека владините договори со оваа агенција од 2008 година до денес вредат нешто повеќе од три милиони евра, пишува Призма.
Во официјален одговор, самиот Цветиновски признава дека сумата е блиска до онаа од бирото за јавни набавки, со исклучок на пројекти кои не биле до крај завршени. “Извесен дел од договорите што се склучени со Генералниот секретаријат не се реализирани, па со тоа и сумата е во висината на таа што ја спомнувате. Отприлика десетина до петнаесет проценти помалку”, Владимир Цветиновски за БИРН. Тоа што е интересно во последните трендови е и фактот што и во анктетите од агенциите блиски до ВМРО-ДПМНЕ и на анкетите објавени од порталите на ДУИ, двете партии се покажуват како фаворити, а од друга страна, последните денови во јавноста ја загреват меѓусебната реторика врз национална основа.
Извор: ЦивилМедиа