FYROM FORMER PM GRUEVSKI ARREST WARRANT

Македонија е мета на тајна разузнавачка операција наречена „Коњски скок“ која има цел да го врати Никола Груевски и да ја дестабилизира државата, предупредуваат аналитичарите од Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии од Љубљана (ИФИМЕС) спроведена поради повторното одлучување за датум за отпочнување на преговори за влез на РСМ во ЕУ.

Во текстот под наслов „Дали ЕУ е пред нова историска грешка“, институтот анализира дека Бугарија и Грција тандемски и договорно го блокираат влезот на Македонија во ЕУ, почнувајќи уште во 1991 година. Се наведува дека во тек е и тајна операција за симнување на актуелната власт и враќањето на Никола Груевски.

„Тајната операција која во меѓународните кругови се нарекува „Коњски скок“ има крајна цел да го врати Никола Груевски во Македонија и да ја симне од власт актуелната политичка гарнитура. Поради ова интензивно се работи на дестабилизација на државата со постојано произведување на бројни афери.“, пишува во анализата.

Како главен сојузник на оваа тајна операција, анализата покажува дека се близу 160 медиумски портали кои произведуваат лажни вести и афери со намера да предизвикаат хаос и дискредитација на премиерот Зоран Заев на и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Поврзаноста на овие портали, велат аналитичарите е со „Адинамик медиа“, компанијата која менаџира веб страници и директно е поврзана со унгарската национална телевизиска мрежа која е наклонета кон премиерот Виктор Орбан.

Од истиот центар на моќ на оваа тајна операција, според аналитичарите, се лансираат и „нон-пејпери“, а нападите кон министерот Спасовски ќе бидат интензивирани бидејќи тој разоткри дел од мрежата на одредени странски разузнавачки служби во Македонија.

Целиот текст прочитајте го на А1он.