Според резултатите од најновата анкета на “Брима” огромно мнозинство од македонските граѓани остануваат посветени на европската агенда, потврдуваат дека нашата иднина е во ЕУ.

На прашањето „Што е подобро за нашата земја, да стане или да не стане членка на ЕУ?’ огромни 76,3 отсто од испитаниците одговориле дека е подобро да станеме членка на ЕУ, додека само 19,8 отсто одговориле дека е подобро да не станеме членка на ЕУ.
euОва значи дека нашите граѓани се силно поставени на европскиот курс, дека не гледаат алтернатива на ЕУ.

Истовремено, ова е силен пораз за структурите кои заговараат свртување од европската агенда, кои заговараат враќање назад во меѓународна изолација и поделби дома.