58,6 проценти од македонските граѓани нема да се вакцинираат, покажува анкетата на Телма и МЦМС. 38,7 отсто изјавиле дека веројатно ќе се вакцинираат додека 2,6 отсто одговориле дека не знаат.

2
Речиси и да нема разлика во поглед на степенот на образование кај оние кои одговориле дека нема да се вакцинираат, покажуваат резултатите од анкетата. Па така 59,3 проценти со незавршено образование и 50 проценти со постдипломски студии изјавиле дека нема да се вакцинираат. Поголеми разлики има во однос на полот и возраста, каде се покажало дека мажите се позаинтересирани за вакцинација од жените, 44,2 проценти рекле дека целосно или до некаде е веројатно дека ќе се вакцинираат, за разлика од 31 процент од жените.

Поголеми скептици за вакцинирањето се младите на возраст од 18 до 29 години, земјоделците и ангажираните во домашни заедници. Позаинтересирани за вакцинирање пак се испитаниците над 65 години со 49,56 и пензионерите со 50 проценти..