Ако се оди по договорот кој најголемите политички партии го постигнаа на средбата кај претседателот Пендаровски, за да има избори на 12 април, до утре на полноќ мора да се изгласа Техничката влада.
Иако има уште само еден ден, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сеуште немаат договор за технички министер за внатрешни работи. Понуденото решение од Мицкоски се испостави дека е спротивно на Уставот.
Денеска, пак, опозицискиот лидер најави дека ќе понуди нов предлог за оваа позиција.
Освен министер во МВР, ВМРО-ДПМНЕ треба да предложи и свој кадар за министер и во Труд и социјала и дополнителни заменици министри во Земјоделство, Информатичко општество и финансии.