Оние што сопствениот народ го нарекуваат “Северџани”:
Најелегантно ја внесоа државата во режим.
Око не им трепна кога свесно нè изолираа од цел свет.
Не расчистија ниту една спорна релација со соседните земји.
Антиквизација им беше основа на владеењто.
Искреираа нови поводи за спорови со Грција и таму каде ги немаше.
Преименуваа сè што можеше да се преименува само за да пркосат.
Никогаш немаа јасен став за ниту едно витално прашање за државата.
Па, дури и на референдумот за промена на името не беа против, туку молчеа!
Билдаа лажен патриотизам кај народот.
Манупилираа со симболите.
Си поигруваа со лажни тези за изгубен јазик, корени, идентитет…
Го поделија народот на патриоти и предавници.
Во друг паралелен универзум, за неполни три години, СДСМ:
Го реши спорот со Грција.
Потпиша добрососедски договор со Бугарија.
Ја внесе државата во НАТО.
Ни го загарантира правото на македонски мајчин јазик.
Го зацврсти идентитетот на нацијата.
ЕУ го усвои предлогот на преговарачката рамка за започнување на преговори.
Секој пат има две насоки, едната оди напред кон иднината, другата се враќа назад кон непознатото. На патот кон напред чекорат сите кои веруваат во подобра, посветла и попросперитетна иднина. Вчера државава прескокна уште една пречка, ЕУ ја усвои предлог-преговарачката рамка за започнување на преговорите за членство во ЕУ и во истата таа информација стои дека законодавството на ЕУ треба да се преведе на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. Значи, за ЕУ јазикот на овој народ е македонски, само за ВМРО-ДПМНЕ е “северџански”.
Вмровски патриотизам на дело!
На патот кон назад чекори ВМРО-ДПМНЕ кое на сопствените граѓани им лепи погрдни епитети, а вели се залага за европска иднина?! Ова ВМРО-ДПМНЕ со назадната и деструктивна политика што ја води нема никаква конекција со европските вредности и тоа секојдневно повторно и повторно го докажува.
Изборот никогаш не бил полесен!