Предизборните спотови на ВМРО-ДПМНЕ предизвикаа бура од реакции во јавноста и на социјалните мрежи. После првиот спот за кој мислевме дека e чиста грешка која некако им се протнала, вчера видовме и нов, уште поскандалозен од првиот. Значи не биле грешка!

Ако во првиот обесправените и разочараните одеа со свиткана кичма, во вториот се промовира важноста на вмровската партиска книшка како единствен спас за младите, доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт.

Меѓутоа ниту една лага на светот не останала неразоткриена.

Во спотот глумат млади луѓе кои се крајно разочарани од државава, депресивни, без пари и без иднина. Да, добро прочитавте! Г Л У М А Т! А, реалниот живот не им е воопшто лош! Сè што се сервира во овие спотови е една голема лага и измама, нема луѓе, ниту ситуации од реалниот живот затоа што ВМРО-ДПМНЕ не гледа подалеку од партискиот двор и партиските активисти.

Во првиот спот една млада “осиромашена” мајка турка бебешка количка од 600 евра?! Па, за 600 евра човек ќе купи автомобил на старо?! Со бебешка количка од 600 евра ли се обидуваат да го натераат обичниот народ да поверува во приказната на филмското “ремек-дело”?! Тоа ли се тие осиромашени и обесправени.? Не се кадарни ниту да изглумат, камоли некој да им верува?!

Во вториот спот, обесправената и осиромашена госпоѓица е сè, само не незгрижена и  обесправена. Ич да не ја мислите. Извесната Тамара Михајловска со партиската книшката во џеб, покрај тоа што традиционално зема хонорари за снимање спотови во кампањите на ВМРО-ДПМНЕ, годинава напредувала, па е ставена и на листа на кандидати за пратеници во изборна единица 1.

Остана ли уште некој кој верува на предизборните спотови на ВМРО-ДПМНЕ?!