Бидејќи на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ математиката му е појака страна, ви претставуваме 5 нај(не)најпрецизни изјави на Мицкоски по повод најкрупните прашања во државата. Ситните не вреди ни да се бројат! Дијаметрално спротивните ставови одлично му одат од рака, па затоа не пропушта барем еднаш месечно да ретерира од сопствените ставови?! Прашањето кое се наметнува тука е како може претендент за премиер да нема никаков континуитетот на политики и идеологија, на што да верува електоратот ако и самиот нема цврсти ставови кои ги застапува?!

  1. СРЕДБИ СО КИЧЕЕЦ

Последен дијаметрално спротивен став во низата е неговото тврдење дека со Зоки Кичеец немал никакви средби, а во аудио снимките кои беа објавени завчера јасно се слушаат разговори помеѓу Мицкоски и Кичеец, па дури и се договараат  предизборни стратегии за охридскиот регион. Од разговорот јасно се слуша дека постоела и претходна комуникација, па така “Апсолутно не сум се сретнал со Кичеец!” е апсолутна невистина која воедно ја потврди и самиот Кичеец?!

2. ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Мицкоски никако не можеше да го разбере претседателот Пендаровски кога прогласи нови 30 дена вонредна состојба со цел справување со корона-кризата во државата, па за “360 СТЕПЕНИ” тогаш изјави:

“Во првиот случај ги разбирав оние 30 дена. Владата имаше доволно време да направи антикризни мерки, економски, вакви, такви, онакви мерки и сето тоа ми беше од одреден аспект јасно. Но, мене не ми се јасни вториве 30 дена, не ми се јасни, ако има следни денови, затоа што мислам дека 30 дена се сосема доволно”.

Седум дена беа потребни за Мицкоски да направи математички прецизни калкулации, па партијата ВМРО-ДПМНЕ која ја предводи  да излезе со став дека државата неминовно има потреба од вонредна состојба и тоа воопшто не било прашање на нечија желба.

3. ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ

Убеден во огромната предност и рејтинг кој го ужива тој како претендент за мандатар и партијата што ја предводи, прво бараше предвремени избори заедно со претседателските, па не му се чекаше, па конечно се договорија предвремени парламентарни за 12 април 2020 година, но заради новонастанатата здравствена криза со коронавирусот и пандемијата која го зафати целиот свет, државата влезе во вонредна состојба. Па започна со секојдневни пласирања  на црни сценарија, апокалиптичн предвидувања, кривата на смртност им беше преокупација за да во моментот кога конечно епидемијата со многу напори и вложен труд се стави под контрола ретерира од првичниот став: “Сега не е време за избори, изборите во моментот не се приоритет на ВМРО-ДПМНЕ, здравјето на граѓаните е приоритет!”

4. ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА

Силната амбиција дека во прва прилика кога ќе му се даде таква можност, односно ако евентуално дојде на власт, ќе го ревидира “капитулантскиот” договор од Преспа, излезе една обична фарса, лажна фраза за еден патриотски чин кој Мицкоски може да го направи ако сака, ама сепак ќе биде фер па тоа ќе го остави на некои идни генерации?! Поферски здравје!

5. РЕФЕРЕНДУМ ЗА ИМЕТО

Ставот за рефередумот за промена на името ќе остане вечна енигма бидејќи се менуваше од ден во ден, а она што е сигурно е дека и за такво битно прашање немаше јасен и прецизен став. Во неколкуте обраќања до јавноста на своите приврзаници им кажа дека ставот е дека нема став, па секој нека си прави што си сака.