-Прашуваме зошто, наместо целата енергија на министерството за здравство и министерот Филипче да биде фокусирана кон препораките на СЗО за справување со актуелната ситуација, се доцни дури и со основната организација на неопходно потребните минимални просторни и кадровски капацитет, обвини денес на прес конференција Синиша Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.
Но, овие обвинувања „останаа во сенка“ на фотографијата која беше прикажана за време на овој прес на опозициската партија. Имено, станува збор за монтажа на која министерот за здравство Венко Филипче го држи во раце графички прикажаниот корона вирус.
„Браво, која креативност и досетливост“ – иронично коментира јавноста на социјалните мрежи, но повеќето воопшто останаа без коментар за овој мизерен и морбиден потег на опозицијата. Се чини, тамам да го пуштат низ вода и овој, уште еден во долгата низа на гафови и мизерни потези во политичкиот активизам на „фамозната„ деструктивна опозиција, јавноста се соочува во нов шок од како што популарно ги нарекуваат вмроните.
Ни повеќе, ни помалку медиумите ја пренесуваат изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој го изјави следново:
„Најсреќни би биле исплашените од СДСМ да го користат корона вирусот како изговор за ВМРО-ДПМНЕ да не го мобилизира народот и претпоставувам дека тие молеа Бога да се случи сето ова за да може ВМРО-ДПМНЕ да не излегува заедно со народот и да протестира против она лицемерие кое денеска е секојдневие во Македонија, за жал“ -рече Мицкоски.
Да, добро разбравте, Мицко, порача дека СДСМ го молеле Бога да се случи корона вирусот! Можеби затоа токму на нивната прес-конференција Филипче го носи во раце токму „вирусот“.
„Од 0 до вмро, колку тррба да си гнида, за корона вирусот го користиш за пллитички поени. Вирус кој пустоши и во најразвиените земји. Бевте и ќе останете најголемото дно во државава. Багра, стока.“
„Не корон , ако сака корона вирус плус да има јас ќе трчам за СДСМ да го порази вирусот вмро , зашто според мене пострашно е да завладее вмро вирус од колку корона вирус …“
„ДПМНЕ, не постои збор што може да ја опише мизеријата на нивното битисување. Секогаш кога ќе помислиш дека го достигнале дното, тие те демантираат. Македонија немала поголема чума од ВМРОвската, нема вирус што повеќе и наштетил на оваа држава! Гадови одвратни! “
„Никогаш, ама никогаш од ВМРО-ДПМНЕ немале осет за доброто на сите граѓани, за генералните теми, интегративните, за заедништво кога е тешко, предизвикувачко. Користењето на Корона вирусот во политичката реторика е толку недолично, толку штетно што само како бумеранг ќе им се врати. “ – порача замник министерот за животна средина Јани Макрадули.