32.1 % од испитаниците кои биле дел од најновата анкета на Националниот демократски институт (НДИ) изјавиле дека го поддржуваат Преспанскиот договор.

Според истражувањето кое е направено на 1212 испитаници во период од 26.02-05.03 2020 година добри 45,5% од граѓаните донекаде се запознаени со содржината на Преспанскиот договор кој беше потпишан во 2018. година.

Граѓаните на истиот гледаат како неопходност како услов за евроатлантската интеграција на земјата, но истовремено голем дел од граѓаните биле разочарани од немањето заеднички став на двете најголеми партии во однос на ова
клучно државно прашање.