Неброени се автоголовите на шпицниот кандидат, Христијан Мицкоски, кој во вчерашниот дуел со поранешниот премиер Зоран Заев, не успеа да ги сокрие цинизмот и хистеријата бидејќи очигледно сфати дека математиките овојпат не му излегуваат баш најпрецизни и дека идејата дека тој ќе биде спасител на нацијата е смешна за сите, освен за тесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ кое се чини изгубило контакт со реалноста.
- Наводно се бори за правда и секој да си одговара за тоа што го направил – “Се борам ова СЈО да не помине”
- Наводно се бори за независно судство и почитување на закони – саботира носење на Закон за јавно обвинителство за да го заштити Орце Камчев, финансиер на партијата
- Наводно се бори против криминал – своето политичко делување го сведува на тоа како да го одолговлече случајот “Империја” заради лични побуди
- Наводно се бори да докаже дека Заев е вмешан во “Рекет” – Кичеец му бил прв соработник, човек од доверба кој работел за него на избори
- Наводно се бори за здравјето на граѓаните – секој ден во секоја прилика со своите постапки директно го загрозува здравјето на секој граѓанин кој се наоѓа во негова близина
- Наводно се бори за ред и поредок – ги прекрши сите можни правила и протоколи во државата
- Наводно се бори за професионални институции – неговиот министер во владата злоупотребува службени ресурси за партиски цели
- Наводно се бори за неселективно казнување – неговиот министер во владата јавно кажува дека нема да казнува
- Наводно се бори за подобар стандард на граѓаните – неговата заменичка министерка во владата три месеци не потпишува кредит на Светска банка од 90 милиони евра за справување со ковид и помош на најранливата категорија граѓани
- Наводно се бори за еднаков третман на граѓаните и работно место за сите – станува асистент на сопствениот татко
- Наводно се бори за владеење на право – дури и во опозиција јавно кршат закони, почнувајќи од Мицкоски, преку Мизрахи, па сè до Чулев
- Наводно се бори против новото име на држава и подгрева национализам – немаше став, тактизираше и со тоа премолчано го поддржа референдумот за менување на името на државата
- Наводно се бори за меѓународно етаблирање на државата – единствени контакти со надворешниот свет му се Орбан и Јанша, од кого патем се бара оставка бидејќи го тресат корупциски скандали
- Наводно се бори за достоинството на секој поединец – прави спотови во кампања кои се под секакво човечко достоинство, потценувачки, навредливи и понижувачки за секој нормален човек
- Наводно се бори за нова ера во ВМРО – Будимпешта му е омилена туристичка дестинација