„Поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков (ВМРО-ДПМНЕ), неодамна е осуден на 12 години затвор во предметот ‘Таргет-Тврдина’ за масовното незаконско прислушување и уништување на опремата на УБК која се користела за пресретнување на комуникациите… Аналитичарите сметаат дека во Северна Македонија изминатите денови на сцена бил обид за ‘мини државен удар’, да се сруши владата на Зоран Заев“, пишува ИФИМЕС (Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии) во најновата анализа за случувањата во државава.
„Пропагандната машинерија на ВМРО-ДПМНЕ во последните три години тврди дека Зоран Заев и Сашо Мијалков се едно исто. Брзото апсење по бегството по изречената пресуда и драконската затворска казна за Мијалков ги побија тие тврдења. Треба да се напомене и дека на денот кога се официјализираше бегството на Мијалков, ВМРО-ДПМНЕ веќе имаше список на членови на новата влада и се надеваа на ново парламентарно мнозинство. Експресното апсење на мијалков и долгогодишната затворска казна го осуетија обидот за ‘мини државен удар’ и ја продолжија демократската влада на Зоран Заев до редовните парламентарни избори, кои ќе се одржат дури за три и пол години“, се вели во анализата.
Според ИФИМЕС, духот на промени во Северна Македонија, кој започнал со Заев, се чувствува и во регионот.
„Со членството во НАТО се заокружи македонската државност. НАТО гарантира опстанок и територијален интегритет на модерната македонска држава. Со влезот во НАТО никој веќе не може да смета на Северна Македонија за своите големодржавни проекти. Демократските промени и постигнатите резултати во изминатите четири години покажаа дека промените се можни и остварливи и дека Северна Македонија, како и регионот Западен Балкан, имаат потенцијал кој тоа го овозможува. Со тоа е испратена силна порака и поттик до другите држави кои се наоѓаат во чекалната за ЕУ и НАТО“.
„Промената на политичките, дипломатските и пошироките општествени парадигми во Северна Македонија, започна кога лидерот на СДСМ – Зоран Заев, покрена низа демократски промени и процеси кои подоцна се почувствуваа и во регионот. Актуелната македонска владејачка политичка гарнитура успеа да спроведе мирна демократска смена на власта/режимот кој незаконски прислушуваше и директно или индиректно нанесе штета на повеќе од 20 илјади граѓани и од земјата изнесе, според проценките, најмалку 5 милијарди евра. Интеграциската парадигма на Зоран Заев и силниот меѓународен ангажман доведоа до потпишување на Договорот за добрососедство со Бугарија, донесен е закон за унапредување на употребата на јазиците на другите етнички заедници, потпишан е и имплементиран Преспанскиот договор со Грција кој ја овозможи деблокадата на евроатлантските процеси“.
Од „земја-случај“ до пред нешто повеќе од четири години, Северна Македонија сега е пример  за земја која спровела бројни реформи и го деблокираше својот евроатлантски пат, кој е  крунисан со полноправно членство во НАТО, оценува ИФИМЕС. Притоа, потенцира и дека Владата на Република Северна Македонија ја имала најсилната меѓународна поддршка која досега ја имала било која влада во регионот.
„Тоа е важен факт кој треба да се искористи во претстојниот период – дека Северна
Македонија, но и регионот, конечно тргнуваат на патот на просперитетот. Притоа,
македонските власти мораат да имаат нулта толеранција кон криминалот, корупцијата и кршењето на човековите права“, се додава во анализата.
Оливер Спасовски и Александар Вучиќ како најголема закана за
криминалот и корупцијата
Според ИФИМЕС, члeнството во НАТО има широк ефект на сите полиња во јакнење на
институциите, а бидејќи силните институции се најголемата пречка за криминалот и
корупцијата, токму затоа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е главна мета на мафијашко-политичките структури, исто како што е мета и претседателот на Србија – Александар Вучиќ.
„Оливер Спасовски (СДСМ), кој со доаѓањето на чело на Министерството за внатрешни
работи покрена темелни реформи кои доведоа до тоа Северна Македонија да ја има една од најдобрите полиции во Југоисточна Европа, која се спротивстави на криминалот, корупцијата и мафијата. Поради тоа министерот Спасовски е на мета на политичко-мафијашките структури, бидејќи ја покрена борбата против нив како што тоа го направи претседателот на Србија – Александар Вучиќ (СНС), покренувајќи борба против организираниот криминал и мафијата во Србија. Од тие причини, Вучиќ и Спасовски се двајца високи функционери во регионот кои се најизложени на ударите и заканите на мафијашките структури. За жал, македонското правосудство, обвинителства и судови, заостануваат зад напредокот кој е постигнат во органите за внатрешни работи (полицијата) и потребно е да се забрзаат
процесите на реформите во тие сектори и да се работи на изградба и јакнење на
институциите на државата“, пишува ИФИМЕС.

Анализата во целост на следниов ЛИНК.