Предизборната кампања се наближува кон крајот, страстите зовриваат и сè појасна станува суштинската разлика помеѓу двата политички концепта, оној на СДСМ и оној на ВМРО-ДПМНЕ.

И додека СДСМ во стартот објави дека ќе води позитивна кампања во која се насочија кон сè што постигнаа изминативе неполни три години и сè што нè чека на европскиот пат во периодот што следи, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека не отстапуваат од методите на старата груевистичка школа, па макар и по цена тоа да оди на нивна сопствена штета.

Секој разумен и освестен граѓанин знае и гледа дека ВМРО-ДПМНЕ освен нови спотови, не понуди ништо ново, ништо освежено, ништо обновено…А, сакаат да обновуваат други?!

Граѓаните ќе здивнат кога судијата конечно ќе свири крај и ќе ги поштеди од:

  • старите лојални кадри на Никола Груевски кои лажно се претставуваат како нови;
  • старите нереализирани проекти од “Преродбата” препакувани како “Обнова”;
  • понижувачките, дискриминаторските и недостоинствените спотови од кои е фасциниран само врвот на ВМРО-ДПМНЕ, оној со британска смисла за хумор;
  • таргетирана црна кампања кон најголемите конкуренти;
  • лавината лажни вести која неконтролирано ја пуштија на самиот старт на кампањата;
  • бесрамното уценување дека партиската книшка на ВМРО-ДПМНЕ ќе стане единствена валидна легитимација доколку дојдат на власт;
  • ветувањата дека ќе градат работи што веќе се изградени;
  • кршењето на женските права и промовирање на насилството како нормално;
  • подгревањето национализам;
  • играњето на карта на сензитивност, злоупотреба на името, јазикот, идентитетот;
  • немањето јасен став дали сакаат да одат напред или ќе се враќаат наназад;
  • сеењето лажен патриотизам;
  • минимизирањето на секој меѓународен успех, вклучително и членството во НАТО;
  • плукањето по здравствените власти во услови на пандемија и саботирањето на анти-корона мерките;
  • оспорувањето на сè што ветува подобар животен стандард на граѓаните;
  • сервирањето на идејата дека Христијан Мицкоски е спасителот на државата, а го нема ниту на листа на кандидати.

Играта заврши!

Време е за нов почеток за сите што сакаат европска иднина!

Во исто време, време е и за реформирање на ВМРО-ДПМНЕ за да можат некогаш повторно да станат достојна конкуренција на младите и прогресивни сили на СДСМ!