Истражувањето на лондонскиот Империјал Колеџ покажа дека делта сојот на коронавирус, кој се шири во Велика Британија, нема да предизвика нови симптоми на COVID-19 кај заразените.

Се покажа дека третина од заразените со делта плус сојот, познат под називот AY.4.2 развиле класични симптоми на COVID-19.

Кај луѓето заразени со делта плус сојот две третини развиле различни симптоми на COVID-19, додека пак оние коишто се заразиле со делта сој имале барем еден симптом на болеста.

Исто така, докажано е дека делта плус сојот се пренесува полесно, но не е докажано дека предизвикува тежок облик на болеста или дека ја намалува ефикасноста на вакцините.

„Се покажа дека се пренесува полесно, но и дека предизвикува помалку симптоми, што е добро“, изјави епидемиологот Пол Елиот.