Најлесен избор за граѓаните на овие избори се чини ќе биде дуелот во изборната единица три. И ваквиот резултат нема да биде ниту случаен, ниту неочекуван, ниту паднат од небо.

Во овој изборен циклус граѓаните од источните делови на државава се благослевени бидејќи се поштедени од дилемата кој од двајцата кандидати помалку лажел, бидејќи благодарение на лошите практикувања на власта во минатото тој критериум за жал стана наша реалност. Леснотијата со која гласачите во ИЕ 3 ќе излезат и ќе гласаат, се должи пред сè на немерливиот контраст помеѓу двата концепта предводени од Николовски и Јанушев, до тој степен што дури е и засрамувачки контекстот на Николовски да се доведе во релација на споредба со оној на опонентот. Размена на критики, укажувања и искри се можни само кога две нешта се во иста категорија, во случајот споредба би било навреда за целиот електорат.

И зошто е тоа така, а не поинаку, говори фактот што во овој дуел не се натпреварува политичар со политичар, во овој дуел имаме пред сè ЧОВЕК, наспроти квазиполитичар, производ на матните времиња на груевизмот. Во случајов, и самиот Јанушев е свесен дека овој дуел нема да има среќен крај за него. За тоа кои се заслугите и како Јанушев дотурка до тука каде што е денес во друга прилика.

Од друга страна пак, Љупчо Николовски не е каков било човек.Тој е некој необичен, неконвенционален склоп во кој има фузија на знаења до кои самиот стигнал, страст кон промени која е негов генератор, искуство стеканато борејќи се сам и неодолива желба за промени. А знаеме дека силните желби за промени планини поместуваат. Овој човек дефинитивно е тргнат на патот да го промени светот. Политичар со душа – вистински раритет во светот, прво ЧОВЕК, па потоа ПОЛИТИЧАР!

Ненаметлив, а секогаш забележан каде и да се појави.

Воздржан и одмерен, со малку кажува многу.

Неизвалкан, чист и чесен, без ниту една дамка на својата кариера.

Нечепнат од скандали, тендери, јавни набавки, криминали…

Неуморен и трудољубив работник.

Несебичен кога помага, им излегол во пресрет и на пријателите и на непријателите, на стотици им го променил животот, со две раце помагал без оглед дали се работело за болест, за несреќи, за човечки судбини.

Неверојатно трпелив слушател.

Нетипично врзан за родниот крај и за семејните вредности.

Неоптоварен со предрасуди, посветен на другарите и пријателите кои ги стекнувал низ животот.

Досега продефилираа стотици, одеа и доаѓаа, но никој со толку жар и зовриена крв не се борел за овој регион кој секогаш бил на некоја од листите за чекање. Николовски отвора нови врати кон подостоинствен живот за граѓаните од Истокот и тој не мора ништо да ветува, затоа што резултатите од неговата досегашна работа ветуваат наместо него. Кога ќе ви понудат голи ветувања, наспроти резултати секогаш бидете на страната на оние продуктивните и неуморните кои испорачуваат резултати.

Изберете да се движите, наместо да стоите! Изберете автопат, наместо слепа улица!

Секогаш, ама баш секогаш изберете политичар кој е прво ЧОВЕК, па потоа политичар!

Шансата е сега, па којзнае кога пак!