Со употреба на мимс (мемиња) со знамиња и воена терминологија, администрацијата на Трамп и неговите колеги од Кина го поставија исстражување за коронавирусот за национален императив, предизвикувајќи разговори за трка со биотехнолошко оружје.

Светските научници, во најголем дел одговорија со колективно превртување на очите.

„Апсолутно смешно“, изјави Џонатан Хени, истражувач кој работи на вакцина против коронавирус на Универзитетот Кембриџ.

„Работите не се случуваат така“, изјави Адриан Хил, одговорен на Институтот Џенер на Оксфорд Универзитетот, еден од најголемите центри за истражување вакцина во академските институции.

Додека политичките лидери ги затворија границите, научниците ги урнаа своите и креираат глобална соработка како никогаш досега во историјата. Никогаш досега, велат истражувачите, немало толку многу експерти од толку земји фокусирани на истовремена соработка на иста тема и со таква итност. Скоро сите други истражувања се во застој.

Вообичаените императиви како академски заслуги се тргнати на страна. Онлајн складиштата овозможуваат студиите да бидат достапни пред да се објават во стручните списанија. Истражувачите идентификуваа и објавија стотици секвенти на вирусни геноми. Повеќе од 200 клинички испитувања беа објавени и ги обединија болниците и лабораториите од целиот свет.

„Никогаш не ги слушам научниците, вистинските научници, научници со квалитет да зборуваат на ниво на националност“, вели доктор Франческо Пероне, кој води клиничко испитување во болница во Италија.

„Мојот јазик, твојот јазик. Мојата географска локација, твојата географска локација. Тоа е нешто што е навистина далеку од вистинските научници од највисоко ниво“.

Неодамна, на пример, научниците од Универзитетот Питсбург откриле дека ласиците изложени на Ковид-19 имаат висока температура – потенцијален напредок на тестирање вакцини врз животните. Под нормални услови, тие би започнале со работа со напис во академско списание.

„Но знаете што? Ќе имаме многу време да објавуваме написи“, изјави Пол Дупрекс, виролог кој го води истражувањето за вакцина на Универзитетот Питсбург. За два часа, вели тој, ги споделил наодите со научници ширум светот со помош на конференциски повик со Светската Здравствена Организација. „Тоа е прилично супер, нели? Ги тргате на страна лошите работи, поради недостаток на подобар свет и имате можност да бидете дел од глобалното претпријатие.

За Трамп, докторот Дупрекс и останатите американски научници ја претставуваат најголемата надеж за пронаоѓање вакцина.

„Америка ќе го направи тоа“, изјави претседателот Трамп.

Но обидот да се напише „Направено во САД“ на научните истражувања е комплициран.

Лабораторијата на лекарот Дупрекс во Питсбург соработува со Институтот Пастер во Париз и австриската компанија за наркотици Темис Биосајнс.

Конзорциумот доби финансии од Коалицијата за епидимска подготвеност, и организација од Норвешка, финансирана од Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс и неколку влади се во разговор со Институтот Серум во Индија, еден од најголемите производители на вакцини во светот.

Истражувачите на вакцини од Оксфорт неодамна ги искористија резултатите од тестирањата на животни споделени од Националниот Институт за здравство, Роки маунтајн лабораторијата во Монтана.

Одделно, францускиот институт за јавно здравство ги спонзорира клиничките испитувања на четири лекови што можат да помогнат во лекувањето на Ковид-19. Испитувањата се во тек во Франција, со план да се прошири за брзо време и во другите држави.

Во општата болница во Масачутес, тим лекари од Харвард го тестираа ефектот на вдишување азотен оксид кај пациент заразен со коронавирус. Истражувачите спроведуваат соработка со болницата Ксинг во Кина и неколку болници од Северна Италија. Лекарите во тие центри соработуваат со години.

Но коронавирусот ја соедини научната заедница на начин што ниту една појава или медицинско чудо не го направило тоа порано. Ова го отсликува обемот на пандемијата и фактот што за многу истражувачи жариште не е некое сиромашно село во развој, туку тоа е нивниот роден град.

„Ова е играње дома“, изјави професорот Хил, од Оксфорд. Тој има работено на вакцини за Ебола, маларија и туберколоза, болести што се најзастапени во Африка. „Но Ковид се случува токму тука“.

Неколку научници изјавија дека најблиска споредба со овој момент е епидемијата со СИДА во 90-те години, кога научниците и лекарите го обединија оружјето за борба со болеста. Но денешната технологија и темпото на споделување информации не беа возможни и пред три децении.

Во пракса, медицинските научници денес немаат избор освен да го проучуваат коронавирусот ако сакаат да работат. Повеќето од лабораториските истражувања се оставени да чекаат поради препораките за одржување физичка (социјална) дистанца, карантините и работата од дома.

Пандемијата, исто така, ја уништува тајноста на академските медицински истражувања, изјави докторот Рајан Керол, професор по медицина на Харвард кој е вклучен во истражувањата за коронавируст. Големите ексклузивни истражувања можат да водат до грантови, промоции и мандати, така што научниците често работат во тајност, чувајќи ги податоците од потенцијални конкуренти, вели тој.

„Способноста да работите заедно, со оставање на страна на вашиот личен академски напредок, се појавува токму сега, бидејќи станува збор за за преживување“, вели тој.

Една мала мерка на отвореност може да биде најдена на серверите на Медериксив и Биоериксив, две онлајн архиви што објавуваат академски истражувања пред да бидат проверени и објавени во весниците. Архивите се преплавени со истражувања за коронавирусот од целиот свет. И покрај националистичкиот тон поставен од кинескиот претседател Си Џипинг, кинеските истражувачи придонесоа во значаен дел во истражувањата за коронавирусот, кои се достапни во архивите.

Иако кинеските власти се обидоа да ја сокријат појавата на коронавирусот и оттогаш ја користеа за пропагандни цели, кинеските научници на многу начини придонесоа во истражувањата за коронавирусот. Лаборатори во Кина во јануари го објави првичниот вирусен геном, сознание што ги постави основите за истражувањата на коронавирусот. И некои од денешните најперспективни клинички истражувања имаат потекло од раните кинески истражувања за болеста.

Некои делови од светот се поштедени. Минатата година, Џамал Ахмадзаде, епидемиолог на Универзитетот Урмиа во Иран, предупреди дека на светот ќе му треба систем за брзо предупредување на МЕРС, друг вид на коронавирус. Ниту една земја не остана имуна на ризикот, напиша тој. Во електронска пошта минатата недела, додека Иран се справуваше со една од најлошите појави на коронавирусот, тој напиша дека за да се избориме со вирусот мора да споделуваме информации од лаборатории од целиот свет и надвор од границите.

Дури и научници кои работат на полиња надвор од заразните болести се вклучија во истражувањата. Докторот Пероне, кој е одговорен за клиничките истражувања во Италија на имуносуперсивниот лек е специјалист за карцином. Тој е вклучен поради неговото искуство со клинични истражувања во Националниот институт за карцином во Неапол.

Доктор Пероне изјави дека пандемијата со коронавирусот може да ја направи медицинската наука поподвижна откако ќе помине кризната состојба. Десет дена откако истражувачите го почнаа истражувањето, вообичаено макотрпниот процес на одобрување од владата, беше завршен и лекарите започнаа да ги вклучуваат пациентите, вели тој. „Ова треба да биде лекција за во иднина“.

Додека Трамп се залагаше за моќта на американската фармација и големите компании за лекови како Физер и Џонсон и Џонсон објавија дека го помагаат истражувањето за вакцина против коронавирусот, најголемите компании за лекови се фокусираат на лековите што можат да ги продаваат од година во година на развиените земји, не за време на краткотрајни кризи во центарот на светот во развој. Истражувањата за вакцини се сметаат за недоволно профитабилни.

Кога Еболата го привлече вниманието на светот во 2014 година, на пример, гигантите за лекови што беа во потрага по вакцина загубија голем дел од нивните инвестиции. Првата вакцина, првично направена од канадската владина лабораторија и сега продавана од Мерк, беше одобрена за продажба минатата година, долго откако епидемијата исчезна.

„Секако дека има конкуренција. Ова е човечката состојба“, вели доктор Јаздан Јазданпанах, директор на клиниката за заразни болести во Инсерм, Франција. „Она што е важно е да најдеме решение за сите. Начинот на кој ќе го постигнеме е преку соработка“.