Јасно е дека на сите теми, кои ВМРО ДПМНЕ ги споменува како аргументи за избори, партијата губи. Па затоа сега прашање е дали СДСМ ќе одолее на повикот за избори во име на одговорноста и ќе продолжи онаму каде што е, или пак, ќе ја искористи ситуацијата да и забие на ВМРО ДПМНЕ, оти ако се следат анкетите од изминатиот период Заев и натаму е со доминатна доверба кај граѓаните, а неговиот СДСМ води пред партијата на Мицкоски. Но, ако Заев се реши на избори и ја користи предноста со рејтингот, тогаш нема да биде ништо поразличен од ВМРО ДПМНЕ, освен што ќе настојува на секои година до две да купи нови четири, како што правеше Груевски. Едноставно Заев мора да истера еден цел мандат, после довербата добиена на последните избори, на кои неговата партија освои мнозинство пратеници во парламентот. Само така можеме да знаеме колку имал исправни политики, колку остварил од ветеното и дали постоеле објективни причини за тоа што ќе остане нереализирано, па така ќе знаат македонските гласачи дали одново да го изберат за премиер.

Грубо кажано, ако се направи пресметка на годините владеење на СДСМ, јасно е дека од средината на 2017 година до крајот на 2019-та фокусот беше ставен на меѓународната политика со замисла ако таму државата добро се позиционира и ги обнови пријателствата во регионот и низ светот, што е факт дека е направено, тогаш полесно ќе се донесат инвестиции, ќе се отворат работни места, ќе се засилува економијата. И тоа тргна натаму, но, ковид кризата цела измината година, а сигурно ќе загорози и голем дел од актуелната, ги измести сите држави и буџети, па и нашиот. Затоа, ова е сега првата година од новиот мандат која ќе мора да се посвети на здравството и економијата, откако се уверивме дека цела европска заедница е на наша страна и дека во нас препознава сериозен соработник и партнер. Практично, допрва ќе ги проверуваме знаењата на Заев за домашна економија и подобрување на стандардот, а тоа не е можно ако повторно, и ако постојано одиме на предвремени избори. Исто како што нема да може да се реализираат, односно ќе се одложат, започнатите важни реформи во образованието, филтрацијата во судството и негово реформирање, инвестоциите во здравството, пред се со клиничкиот центар. Затоа Мицкоски најверојатно ќе мора да почека цел мандат додека се организираат избори, ако до тогаш сопартијците не го сменат од лидерската позиција. Дали тоа е причината заради која му се брза и од која се плаши Мицкоски?

Целата анализа на НОВА прочитајте ја на линкот ТУКА