Ако на Антонио Милошоски навистина му е дојдено до патриотизам и до претворање во заштитник на националните интереси на државата, тогаш логично ќе беше до сега да повика на оставка на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, оној кој во изминатите неколку месеци искажа сериозни навреди кон македонскиот народ и македонскиот јазик, дури и со извртување на тези и историски факти. Но, пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Милошоски, не смее ни да го спомене името на Каракачанов, не пак да го повика на оставка затоа што е негов студент, односно Каракачанов го имал Милошоски под свое додека студирал во Софија. Студентот живеел на таванот на ВМРО во Бугарија и од тогаш е верен следбеник на бугарската кауза. Овие информации во јавноста ги потврдува Красимир Узунов, уредник на бугарската новинска агенција Фокус.

Узунов во изјавата ги упатува новинарите кај Каракачанов да го прашаат како ВМРО го одгледала македонскиот политичар и како го задоила да биде заштитник на бугарските интереси. Затоа овој уредник од Софија вели дека Милошоски не може пред македонската јавност да зборува дека двете држави потпишале лош договор, штетен за македонската држава. Да потсетиме дека Милошоски се фотографира со знамето на Бугарија кога му се укажува прилика за тоа, а често го има и на слики со лица од опкружувањето на Каракачанов. Сигурно во личната фото архива има и слики со вицепремиерот на Бугарија, од студентските денови до денес.

На фотографијата, која е дел од овој текст, Милошоски е сликан со Љупчо Ѓорѓиевски, лидер на патриотското здружение „Тодор Александров“ и со десетици приврзаници на Каракачанов и бугарското ВМРО, а на другата фотографија е Ѓорѓиевски во придружба на Каракачанов.

Затоа потегот на Милошоски да глуми патриотизам во парламентот е вистинско политичко лудило. Затоа неговиот обид за дискредитација на Договорот со Бугарија и наметнување на погрешен дискурс во јавноста се очајнички обиди да се престави како голем Македонец, што е неможно кога фактите и вистината го прават милениче на Каракачанов, а со тоа и на бугарската држава.