Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски четврти ден од кампањата за локалните избори раскажува вицеви и досетки наместо да понуди реални проекти и програма во која насока ќе се движат општините и наместо за нивниот развој тој постојано зборува дека земјава е во ќорсокак заборавајќи дека партијата од која доаѓа 11 години градеше минатост, ВМРО-ДПМНЕ остана симбол на еден режим, затворено општество и криминал.

Додека Владата на СДСМ и премиерот Зоран Заев се во обид да ја направат Северна Македонија подобро место за живеење, тој вели дека припаѓа на генерација која 30 години сонувала, за Рим, за Париз, за Лондон.

Тој посочи дека дојде времето кога граѓаните треба да создадат нова иднина, а победа е заедничкиот патриотизам.

Мицкоски на синоќешниот предизборен митинг во Битола истакна дека заеднички патриотизам е кога борбата против криминалот во Македонија, а сите граѓани ќе бидат обединети за заедничка иднина каде тендерите нема да завршуваат во приватни џебови, а граѓаните ќе имаат европски стандард.

Но никако да се сети дека за спорни тендери, за оф шор компании и нелегални набавки на софтвери одговараа пред законот токму поранешни политичари од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ беше против зголемувањето на платите, ги блокираа сите шест пакет мерки за помош на граѓаните, а сега за него патриотизам се повисоки плати.

Извор: Фронтлајн