Иако претседателот на САД, Доналд Трамп, ја напушта Белата куќа за помалку од една недела, демократите, и некои републиканци, прават вонредни напори да го лишат од функцијата пред тоа: на Трамп вчера му беше изгласан импичмент, и тоа по втор пат во текот на нешто повеќе од една година.  

Но, за разлика од претходниот (изгласан во декември 2019 година), кога законодавците исцртаа јасна партиска поделеност, ситуацијата овојпат е сосема поинаква. За време на гласањето на Претставничкиот дом синоќа, демократите опозиционери на шефот на државата беа поддржани и од десетмина републиканци – „за“ гласаа 232, „против“ беа 197, воздржани беа пет конгресмени.  

Сега на потег е Сенатот, горниот дом на Конгресот. 

-Сметаме дека претседателот на Соединетите Држави преставува јасна и непосредна опасност за републиката, изјави синоќа Џејми Раскин, кој го раководеше процесот за импичмент, во својство на нешто слично како јавен обвинител. 

Импичментот е всушност обвинение подигнато против претседателот, но за разлика од претходното, кога Трамп беше обвинет за доволно апстрактни настани како притисок врз странски лидер да влијае на изборната кампања на негов опонент, овојпат е многу посериозно. Предметот по импичментот е единствен и ги содржи следните квалификации: „поттикнување бунт и насилство против Владата на Соединетите Држави“. Со ова, Доналд Трамп стана прв во историјата на претседателите на САД врз кого импичмент е изгласан двапати.  

Демократите се убедени дека отповик (подигнување на обвинение) на Трамп и негово итно отстранување од функција е неопходен чекор за да покажат на јавноста во земјата, и во целиот свет, дека поведението на Доналд Трамп нема да се толерира. Па макар и Сенатот да не го утврди обвинението и тој да не биде лишен од власт, за што ќе бидат потребни гласовите на две третини од членовите на горниот дом. 

На дискусијата по повод гласањето вчера (целата постапка заврши експресно брзо, несвојствено, ако се споредат претходните случаи на импичент), демократите утврдуваа дека претседателот со своите дејства не само што дозволи, а всушност поттикна метеж и смрт на неколку лица, вклучително и полицаец. Републиканците изнасуваа разолики ставови, некои вториот импичмент го нерекоа политички прогон, некои повикуваа на смирување и да не се брза со остранувањето на Трамп, со оглед на тоа што тој и онака ќе замина од функција за една недела. 

Интересно е тоа што во редовите на опозицијата на Трамп се вклучија не само демократите, туку и десеттина републиканци. Еден од најголемите негови критичари стана Лиз Чејни, лидер во Претставничкиот дом. Незадоволство од поведението на Трамп искажа и Мич Меконел, лидер на сенатското мнозинство. Според „Политико“, тој и Кевин Мекарти, лидер на малцинството во Претставничкиот дом, сметаат дека Трамп мора да понесе одговорост за немилите настани на 6 јануари и некако да биде казнет. Притоа, ако Мекарти не се изнесе директно за импичмент, во приватни разговори Меконел признал дека дејствата на претседателот налагаат тој да биде лишен од функција.  

„Си-ен-ен“ анализираше дека само одлучен отказ од „трампизмот“ ќе и помогне на партијата да измие раце од влијанието на Доналд Трамп и неговите поддржувачи.  

Други два интересни моменти се тоа дек Меконел одби да свика итна седница за гласање за можната вина на Трамп, и тој дел од импичментот најверојатно ќе се оддржи после стапувањето во служба на Џо Бајден. Како и отказот на потпретседателот Мајк Пенс да го употреби 25. амандман на Уставот кој предводува автоматски трансфер на власта на потпретседателот ако тој или голем дел од Администраицијта сметаат дека претседателот е неподобен да ја извршува функцијата. 

-Овој амандман не е предвиден за казнување или узурпација на власта. Неговата употреба под овие изговори создава страшен преседан, изјави Пенс по овој повод, додавајќи дека сегашната Администрација се стреми кон мирен трансфер на власта и сплотување на земјата. 

-Сега е време за лечење, истакна тој, повикувајќи го Конгресот да најде заеднички јазик за „намалување на температурата“ и обединување. Конгресот, сепак, изгласа резолуција за повикување на потпретседателот да го искорити тој амандман.  

Политичката егзотика што деновие се одвива во Вашингтон е уште по чудна поради тоа што претседателот е обвинет во услови кога федералната влада само што започна со истрагите за нападот на Капитолот на 6 јануари. Мајкл Шервин, вршител на должноста обвинител на округот Колумбија, изјави дека истрагата е во почетна фаза, и дека досега немало толку голема и опфатна истрага. Неговиот тим смета дека е исправно тоа што на некои уесници во нападот на Капитолот им се подигаат обвиненија за учество во бунт, со што би можеле да добијат и до 20 години затвор. 

Според него, засега кривично се гонети повеќе од 70 осомничени, но бројот „може да се зголеми драстично“. Тој прецизираше дека некои обиненија за учество во насилни протести можат да бидат преквалификувани во многу по сериозни дела. Споменат е случајот на Ричард Барнет (60), кој заедно со толпа луѓе влегол во кабинетот на Ненси Пелоси, седнал на фотељата и украл плико со документи со потпис на спикерот на Претставничкиот дом. Тој сега се соочува со неколку обвиненија, како хулиганство, незаконски продор со оружје на заштитена територија (носол со себе електрошокер), и кражба на федрална сопственост. Тој се соочува со казна затвор во должина од повеќе од 11 години. 

Истрагата опфаќа и напади врз претставници на медиумите за време на упадот на Капитолот, случај ште е издвоен во посебно дело. Исто така, се истражува и за околностите на смртта на плицаецот Брајан Сикник, кој загина во турканица со демонстрантите. Истрагата работи и за откриените рачно изработени експлозивни направи во штабовите на Демократската и Републиканската партија во Вашингтон. 

Списокот жртви од нападот на американскиот Капитол ќе се зголеми за уште едно лица (досега се споменуваа пет жртви). Кристофер Стентон (53) од сојзната држава Џорџија, кој беше обвинет за незаконски продор на заштитена територија и непочитување на полицискиот час воведен во Вашингтон, нема да може да се појави пред суд. Причина е самоубиство. Неговата сопруга го нашла телото на Стентон во подриумот на нивната куќа. На место на немилиот настан биле откриени траги од крв и оружјеспоред полицијата тој си пукал во градите.