Невработеноста кај младите беше еден голем проблем кој ја мачеше нашата младина. Во 2016 година младинската невработеност изнесувала 49%, а денес според податоци од Државниот завод за статистика, во последниот квартал стапката на невработеност кај младите е намалена на 35%.

Со Оперативниот план за вработување од 2017 до 2019 година, опфатени се вкупно 9585 млади лица. Во 2020 пак Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување е со рекорден буџет до сега од 1,4 милијарди денари, со кој се планира да се опфатат 12.000 невработени лица, од кои 67% млади до 29 години.

Како мерки кои придонесоа за намалување на невработениста кај младите лица се мерките „Самовработување со грант“ на АВРМ, преку која неповратни средства за отворање сопствен бизнис имаат добиено 1524 млади, преквалификацијата и доквалификацијата на невработените млади лица за ИТ вештини од која бенефит имаа 820 лица, финансиската поддршка за новоосновани „старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија, мерката млад земјоделец со која оваа година се зголемува сумата од 10 – 20 илјади евра и младинскиот додаток од 3000 денари за млади вработени во производство и земјоделство.

Нашата држава е единствената земја во регионот, која не е членка на Европската Унија, а во 2018 година започна со воведување на „Гаранција за млади“, како мерка за зголемување на вработливоста на младите луѓе до 29 години. Во 2018 година оваа мерка се спроведе само во три пилот општини: Гостивар, Струмица и Скопје, а веќе во 2019 таа се спрове на територија на цела држава со посебен акцент на трите најранливи региони: полошкиот, југозападниот и североисточниот регион.

Три стратешки промени кои се случија во последните 2 години а кои продинесоа за намалување на невработеноста воопшто вклучувајки ја и младинската невработеност се голема поддршка на домашните компании, зајакнување на човечкиот капитал и вработување на младите во производството, фокус на ит професионалци, .

Во иднина за подобрување на состојбата треба да се зголеми поддршката на старт ап бизнисите и претприемнишвото.