Широчината и човечноста на еден поединец или заедница е правопропорционална со дозата на емпатија што ја носи во себе, поривот да се активира и да помогне тогаш кога е најпотребно, капацитетот да се солидаризира, да го сподели со другиот она што го има, колку и да е малку или колку и да е многу.

И додека секојдневно сме сведоци на неброени прес-конференции на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на кои бесплатно се делат лекции за одговорно постапување, се запрашавме што во вакви услови на пандемија со коронавирусот донираше НАЈБОГАТАТА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ВО ЕВРОПА и нејзиниот ЛИДЕР. Колку за потсетување, истиот тој лидер заедно со своето семејство минатата година донираше дури 30 000 евра на партијата ВМРО-ДПМНЕ, ама тоа сега не е тема.

Па, еве што донираше најбогатата политичка партија во Европа на своите граѓани:

  • договорија донација со, замислете, братска УНГАРИЈА од 100 000 маски и 5 000 заштитни едноделни одела (секоја асоцијација која ви доаѓа во моментот е само случајност);
  • донираа неколку телефонски разговори за да го договорат Јанез Јанша да донира 100 000 маски и исто толку ракавици на МВР (Јанша во меѓувреме го тресе голем корупциски скандал во родната Словенија – тоа е тоа одбрано друштво);
  • имаат НАЈАВА за донирање ДЕЛ од средствата од платите на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ…ама НАЈАВА;
  • великодушно истурија еден куп најцрни прогнози и предвидувања пред македонската јаност која и без тоа е во постојан грч и исчекување;
  • донираа мал милион прес-конференции на секоја можна тема освен на тема што донираа;
  • донираа страв и паника во неограничени количини;
  • донираа јавно исмевање на туѓите донации, како донацијата на ЕУ во ќебиња;
  • се рекреираа по теретани додека други секојдневно излегуваа на терен;
  • техничкиот министер за внатрешни работи предложен од ВМРО-ДПМНЕ на државата и донираше СПОТ-ПЛАГИЈАТ  кој згора на сè го платил;
  • техничкиот министер за внатрешни работи предложен од ВМРО-ДПМНЕ донираше упад во магацините на семејството Заеви каде волонтери секојдневно ги пакуваат пакетите за социјално загрозени семејства низ целата држава;
  • Меѓутоа, Наќе Чулев не заборави на државна сметка да си донира себеси два луксузни АЈФОНА во износ од 3 000 евра, ама ете не му текнало да купи ракавици за “голораките”.

Во меѓувреме, во некој паралелен универзум, некои други донираат веќе со месеци и демонстрираат пример за одговорно однесување во услови кога сите сектори од државата се онеспособени и погодени од здравствената криза:

  • Донираат поединци, донираат организации, дел од граѓаните донираа поврат на ДДВ;
  • Донираат бизнисмени, организации, компании – мали и големи;
  • Донираат сите градоначалници и функционери на СДСМ кои и покрај одлуката на Уставниот суд за ненамалување на платите јавно се откажаа од разликата помеѓу минималната плата и полната плата и средствата ги уплаќаат на сметка на Ковид фондот;
  • Семејството Заеви донираа опрема вредна речиси 100 000 евра на Министерството за здравство како помош за справување со корона-кризата;
  • Семејството Заеви од почетокот на кризата, па до денес, донираа илјадници хуманитарни пакети за најранливата категорија граѓани ширум државата;
  • Генералниот секетар на СДСМ Николовски подели илјадници прехранбени пакети, донираше 200 скафандери на Здравствениот дом во Крива Паланка, донираше апарат за мерење концентрација на кислород во крвта на Детска клиника во Скопје.

Разликата е видлива, затоа и зборовите не им тежат исто!