Реформирана партија се грижи подеднакво за сите во општеството.

Реформирана партија ги научила лекциите од минатото кога цело општетство го закрвија и поларизираа и истите грешки не ги повторува.

Реформирана партија не дискриминира, омаловажува, понижува, угнетува.

Реформирана партија го слуша гласот на секоја индивидуа посебно.

Реформирана партија знае дека во државата има група ранливи и маргинализирани лица чиј опстанок зависи од државата.

Реформирана партија нема да остане глува на крикот на родителите на деца со посебни потреби, туку ќе се одважи и ќе им помогне.

Реформирана партија ќе одговори на апелот на “Гласен текстилец”, наместо да се прави дека не го слушнала.

Во текот на вчерашниот ден имавме јасна демонстрација како се однесува една  нереформирана и една прогресивна политичка партија.

  • Најбогатата, а најнереформирана политичка партија во Европа вчера не се појави да го потпише документот со барања на родителите на деца со посебни потреби кои инсистираат на измени на Законот околу одземање на деловната способност на децата со посебни потреби, зголемување на додатоците, тргнување на границата од 26 години за овие лица во здравството, како и измена и на други закони и после 18 години да се применува посебниот додаток во додаток на попреченост.
  • Најбогатата, а најнереформирана политичка партија во Европа, со објаснување дека не можеле да “висат” по туѓи веб-страници и да читаат барања, не одговориле на апелот за средба со “Гласен текстилец”. “Гласен текстилец” упатиле отворено барање за средба со сите политички субјекти, само што едни слушнале, а други не.
  • Најбогатата, а најнереформирана партија во Европа, направи предизборен спот со кој ги повреди чувствата на сите луѓе со попреченост, на сите луѓе со дегенеративни болести на ‘рбетот. Тие луѓе преку своите здруженија гласно реагираа, ама ВМРО-ДПМНЕ повторно не слушнало, па ниту одговори на нивните барања, ниту го повлече спотот…
  • Најбогатата, а најнереформирана политичка партија во Европа, беше партија која јасно се противеше на покачување на минималната плата на работниците.За среќа, постои и друга опција на која не и пречи да одговори на апел поставен на нечија веб-страница, да се појавува на средби, да се залага за подобра иднина на најранливите категории во општеството. ВМРО-ДПМНЕ сè уште се води по принципот кој се темели само на личните интереси. ВМРО-ДПМНЕ сè уште се ориентира кон моќните и богатите, а уште недојдени на власт веќе ги заборавија оние најнемоќните. ВМРО-ДПМНЕ сè уште гледа кој е погоден да им ги покрива сметките во партијата, а тоа секако не се ниту обичните работници, ниту хендикепираните. ВМРО-ДПМНЕ сè уште е иста, ВМРО-ДПМНЕ прави сè од интерес, ВМРО-ДПМНЕ воопшто нема претстава дека одредени категории на луѓе постојат во општеството. Во меѓувреме, има партии како СДСМ на кои не им е проблем да ги читаат барањата за средби по веб-страници, да ги читаат апелите, да одговараат на барањата, да одржуваат средби и да прават сè што можат за да направат промена кон подобро!Истите тие вчера го потпишаа барањето на родителите на децата со посебни потреби за подобруање на нивниот живот, беа на средба со “Гласен текстилец” и за првпат во Скопје присуствуваа на отворањето на прв кафе бар каде ќе служи на знаковен јазик.Најпрост пример, дури и клучните елементи од предизборната програма ги објавија на знаковен јазик.

Затоа што сите луѓе се еднакви и секој граѓанин е важен!